Мајка сум на две девојчиња од 3 и 2 години. Загрижена сум за однесувањето на поголемото девојче. Како бебе беше многу мирно, но откако наполни една година, многу се промени. На почетокот беше само немирна и своеглава, и дома и во градинка. Сега однесувањето многу ме загрижува. Со сестрата не сака воопшто да игра, ниту со други помали деца. Со поголеми знае да игра, ама пак се задева, не се плаши ни да се степа со нив. Постојано ја каса и ја кубе за коса својата сестра, не смеам ни секунда да го тргнам погледот од нив. За ситници пламнува, се бунтува зошто не сме ѕвонеле, зошто не седнала прва на маса, зошто таа не го вклучила телевизорот, зошто таа не ја тргнала рекламата… реакциите се во вид на врескање, плачење, фрлање на под. Пробуваме и со добро и со карање, но бадијала. Дали ова е само период? Како да реагираме, како да се справиме, како да ѝ помогнеме?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк