X
 13.10.2016 Наука

Што би се случило на Земјата 5 години по нуклеарна војна?

Една студија во 2014 година ги разгледувала ефектите од регионална нуклеарна војна. При вакви коментари изнесени во јавноста, вистинско време е за потсетување на можните последици. Во истражувањето се анализирале последиците на планетата по „ограничена, регионална нуклеарна војна“ во форма на 100 нуклеарни напади или експлозии што би се случиле над Индија и Пакистан. Ако се зборува за војна меѓу Русија и САД, таквата војна би била од многу поголеми размери.

Што би се случило?

Освен потенцијалните стотици или илјадници смртни случаи, 5 мегатони на црн јаглен би биле ослободени во атмосферата. Црниот јаглен ја апсорбира топлината од Сонцето пред да стигне на Земјата, додека дел од него се враќа како дожд. Ова значи дека ќе се случи атмосферско ладење.

Иако се работи само за неколку степени на глобално ниво, падот на температурата ќе предизвика 9% помалку дожд отколку вообичаните количини во петте години по нападите. Тоа пак, има влијание врз земјоделските култури и зголемување на мразот.

Озонската обвивка на Земјата би се намалувала за 20-25% во 5 години, а би се обновувала до 8% за 10 години. Поради ова ќе се случуваат повеќе изгореници и рак на кожа. Последици на загрозеноста на земјоделските култури би можеле да бидат недостигот на храна и гладот во некои региони.

Нуклеарната војна е веројатно една од најголемите трагедии што никој не би сакал да се случат и затоа таквите закани не треба да се расфрлаат наоколу како нешто нормално.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука