X
 13.10.2022 Здравје

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне следната недела

Четириесет илјади вакцини против сезонски грип за ранливи групи граѓани се пристигнати во земјава, соопштија од Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека во тек се законските процедури во МАЛМЕД, со цел спроведување на вакцинацијата, која е предвидено да почне во текот на следната недела. Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип од компанијата „Абот“ од Холандија.

- Ги повикуваме граѓаните од ранливите групи, како што се: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, по што ќе добијат СМС-порака со точниот датум, час и место каде што треба да се вакцинираат - стои во соопштението. 

Воедно, Министерството за здравство испрати допис до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.

- Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи - потенцираат од МЗ.

Граѓаните што спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје