Британскиот фармацевтски гигант „Глаксосмитклајн“ и канадскиот „Медикаго“ соопштиле дека нивната вакцина против ковид-19, направена од билки, дала позитивни резултати во заштитата од болеста во клиничките испитувања, иако тестовите биле направени пред појавувањето на сојот омикрон.
Во третата фаза од испитувањето се заклучило дека ефикасноста на вакцината против зараза со ковид-19 изнесува 71 отсто. Ефикасноста во заштитата од сојот делта изнесува 75,3 отсто.
Испитувањето било спроведено на 24.000 возрасни лица во шест земји низ светот. За време на испитувањето не се појавиле никакви несакани последици, а нуспојавите биле благи до умерени и краткотрајни. Симптомите траеле од 1 до 3 дена.
Во вакцината се употребени честички од билки кои го имитираат коронавирусот за да го стимулираат имунолошкиот систем. Овие честички немаат основен генски материјал, па затоа не може да се размножуваат, објасниле од компанијата.
„Медикаго“ очекува одобрување на вакцината од канадските, американските и од британски власти.
Извор:
Eklinika
Фото: Pixabay