Не можеме да го замислиме Роберт Дауни Џуниор како некој друг суперхерој освен Железниот човек. Но, доколку го прашате него, има друг лик што тој порано сакал да го толкува.
Актерот моментално го промовира својот нов филм „Дулитл“. При едно гостување во радио тој бил прашан кој суперхерој би сакал да го игра доколку не му била доделена улогата на Тони Старк. Дауни Џуниор одговорил: „Не можам да замислам ниту едно вистинско американско момче што не се замислувало како Спајдермен додека растело“.
Фото: Pixabay
Тој открил и дека би сакал да го игра Хокај поради неговата улога во последниот дел од „Одмаздници“.
- Сепак, кога ќе погледнам наназад бидејќи сум голем фан на Џереми Ренер и тој ја направи улогата многу кул, особено кога се претвора во Ронин, би рекол дека Хокај би бил мојот избор - изјавил Дауни Џуниор.
Актерот го играше Старк до последниот дел, иако се очекува да се врати накратко во „Црната вдовица“, чие дејство е сместено пред настаните во „Одмаздници“. Тој се појавил како Старк и во анимираната серија „Што доколку...?“, која ќе се прикажува во 2021 година на „Дизни плус“.
Извор:
independent.co.uk
Насловна фотографија: Wikipedia