Забавениот метаболизам може да биде причина за зголемување на телесната тежина. Во последно време научниците сè почесто го истражуваат овој биолошки процес, а досегашните истражувања покажале дека постојат одредени навики што го забавуваат согорувањето на калориите.
Внесување премалку калории
Недоволното внесување калории го забавува метаболизмот. Иако за слабеење треба да има дефицит на калории, тоа може да биде контрапродуктивно доколку внесувате премалку калории. Кога во краток временски период драстично го намалувате внесувањето храна, телото чувствува дека добива помалку хранливи материи и го забавува процесот на согорување калории.
Фото: Pixabay
Долго седење
Седењето, исто така, може да го намали согорувањето на калориите. Многумина го поминуваат денот седејќи, особено оние што работат во канцеларија или пред компјутер, а тоа може да има негативно влијание врз брзината на метаболизмот и општото здравје. Иако вежбањето и спортските активности може многу да влијаат врз бројот на калории што се согорува, дури и основните физички активности како качување по скали или чистење може да придонесат.
Шеќер и газирани сокови
Пијалаците полни со шеќер се штетни за здравјето. Претераната консумација може да доведе до разни болести како дијабетес и прекумерна телесна тежина. Честата употреба на овие пијалаци може да го забави метаболизмот.
Лошо спиење
Спиењето е исклучително важно за добро здравје. Ако малку спиете, помалку од она што ви е потребно, може да го зголемите ризикот од многу болести. Неколку истражувања заклучиле и дека недоволното спиење го забавува метаболизмот.
Фото: Pixabay
Прескокнување на појадокот
Првиот оброк во денот е најважен. Освен што ви помага да имате доволно енергија, помага и во активирање на биолошките процеси во телото. Затоа, прескокнувањето на појадокот може да го забави метаболизмот бидејќи телото е под стрес поради недостиг на енергија, па храната што се внесува подоцна се складира за да се обезбедат доволно хранливи материи за биолошките процеси.
Извор:
Ekapija