X
 14.09.2018 Образование

Независниот академски синдикат бара зголемување, но и ублажување на разликите во професорските плати


Независниот академски синдикат (НАкС) бара да се зголеми буџетот наменет за платите на вработените во јавните високообразовни и научни установи, но бара од Владата да најде начин и за елиминирање или ублажување на фрапантните разлики во платите меѓу професорите и истражувачите вработени на различни јавни високообразовни и научни установи.

Како што пишуваше и Факултети мк, голема е разликата во платите кај професорите во Македонија меѓу самите факултети, но и меѓу универзитетите. Нашето истражување покажа дека факултетите практично се делат на богати и сиромашни, а тоа така се одразува и врз платите. Едни професори стигнуваат до околу 500 евра плата, а некои земаат и над 2.000.

- Со оваа реакција сакаме да го искажеме нашето со години напластувано незадоволство од висината на буџетските средства за исплата на платите во секторот високо образование и наука и да апелираме до Владата да направи анализи со кои ќе согледа дека примањата на вработените во некои од јавните универзитети, единици во нивниот состав и јавни научни установи со години наназад се на срамно, понижувачко и супстандардно ниво – пишува во соопштението на НАкС.

Синдикатот е подготвен да понуди и стручна помош при изнаоѓањето модалитети за справување со нееднаквоста во платите која креира тензии во секторот.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование