Рик Елијас седел во првиот ред на Летот 1549, авионот кој се сруши во реката Хадсон во Њујорк, во јануари 2009 година. Што сè му минало низ главата додека авионот паѓал надолу? Na TED, за прв пат јавно тој ја раскажува својата приказна.
Преводот е на Александар Митевски
Замислете голема експлозија додека се качувате на висина од 1.000 метри над земјата. Замислете авион полн со чад. Замислете мотор кој прави клак, клак, клак, клак, клак, клак, клак. Звучи страшно. Тој ден имав посебно седиште. Седев на 1D. Бев единствениот кој можеше да разговара со стјуардесата. Веднаш погледнав кон неа, а таа ми рече: "Нема проблем. Веројатно удривме некоја птица." Пилотот веќе заврти со авионот назад, и не бевме толку далеку. Можеше да се види Менхетен. Две минути подоцна, три работи се случија истовремено. Пилотот го постави авионот над реката Хадсон. Тоа не е вообичаената рута. (Смеење) Ги исклучи моторите. Сега замислете да сте во авион во кој нема звук. А потоа тој изговори три зборови, најнеемотивните три зборови кои некогаш ги имам слушнато. Тој рече: "Подгответе се за удар." Немав потреба повеќе да зборувам со стјуардесата. (Смеење) Можев да видам во нејзините очи, дека беше страшно. Животот заврши.
Сакам да споделам три работи кои ги научив за себе тој ден. Научив дека сè се менува во еден момент. Сите имаме листа на желби, работи кои сакаме да ги направиме во животот, и помислив на сите луѓе до кои сакав а не можев да стигнам, сите огради кои сакав да ги прескокнам, сите искуства кои сакав да ги пробам, а не успеав. Кога се сетив на ова подоцна, ми дојде мисла, која гласи: "Јас собирам лоши вина." Бидејќи доколку виното е спремно а личноста е овде, го отворам. Повеќе не сакам да одложам ништо во животот. И оваа мисла, оваа идеја, навистина ми го промени животот.
Втората работа која ја научив тој ден, и тоа откако го збришавме мостот Џорџ Вашингтон, што и не беше многу, помислив дека, навистина ми треба едно вистинско покајување. Имав добар живот. Во сопственото постоење и грешки, се обидував да бидам подобар во сè што пробував. Но во моето постоење, му дозволувам на моето его да навлезе. И зажалив за времето кое го потрошив на работи кои не беа битни со луѓе кои беа битни. Помислив на мојата врска со сопругата, со пријателите, со луѓето. А потоа, откако се сетив на сè ова, решив да ја елиминирам негативната енергија од мојот живот. Не е идеално, но е многу подобро. Не сум се расправал со сопругата две години, Чувството е одлично. Повеќе не се обидувам да бидам во право, избрав да бидам среќен.
Третата работа која ја научив, и таа е како ваш ментален часовник кој започнува од "15, 14, 13.." Ја гледате водата како надоаѓа. Си велам, "Те молам издржи!" Не сакам ова нешто да се распарчи на 20 парчиња како што сте виделе во документарците. И како што паѓаме надолу, имав чувство дека, умирањето и не е страшно. Скоро исто како да сум се подготвувал цел живот. Но беше многу тажно. Не сакав да заминам, си го сакам животот. И таа тага, навистина се врами во една мисла, која гласи: Посакувам само една работа. Посакувам само да ги видам моите деца како растат. Еден месец подоцна, бев на настап на мојата ќерка, прво одделение, не многу уметнички надарена... ... не сè уште. (Смеење) И јас липам, плачам, како мало дете. И со тоа светот доби смисла за мене. Во тој момент сфатив, со поврзување на овие два моменти, дека единствената битна работа во мојот живот е да бидам прекрасен татко. Над сите, над сите, единствената цел која ја имам во животот, е да бидам добар татко.
Ми беше подарено чудо, да не умрам тој ден. Ми беше подарена уште една работа, а тоа е да можам да погледнам во иднината и да се вратам и да живеам поинаку. Ве предизвикувам сите вас кои летате денес, замислете истата работа да се случи во вашиот авион, и ве молам немојте, но замислете, како вие би се промениле? Што би завршиле од она што сеуште не сте го завршиле само затоа што мислите дека ќе бидете овде вечно? Како би ги промениле вашите врски и негативната енергија во нив? И, најважно од сè, дали сте најдобриот родител што можете да бидете?