X
 14.11.2021 Наша тема

За битолскиот арслан, студенти добија половина милион долари инвестиција, без наука нема држава... Што пишувавме неделава

За што пишувавме неделава:

Арслановски – кугларски арслан од битолски Баир: Арслановски годинава беше државен првак на Македонија, поединечно, во категорија до 18 години, трет на државно првенство до 23 години, државен првак во спринт до 23 години и дел од кугларскиот клуб „Пелистер“, кој во државно екипно првенство освои второ место во Македонската кугларска лига 2018/2019 и трето место 2019/2020 година.

„Сакам да одам, но не е ниту паметно, ниту безбедно“, „Кој се плаши, нека си седи дома“...Дискотеките отворени, еве што мислат младите: Во мини-анкета направена од „Факултети.мк“ на прашањето „Дали би отишле во дискотека и покрај пандемијата. Дали сметате дека е безбедно?“, поголем процент од дадените одговори се дека не би отишле во дискотека и сѐ уште не се чувствуваат безбедни.

За образование в година ќе се трошат околу 28,9 милијарди евра: Во 2022 година за образование ќе се трошат околу 28,9 милијарди денари, што е за околу 6,7 милијарди денари повеќе од сумата што за овој ресор била наменета во 2018 година. Ова е наведено во предлог-буџетот за 2022 година.

По скалилата на успехот со Ѓорѓи Јолевски: „Кога го играв Хамлет, трчав по 10 километри дневно“: Никогаш во ниту еден момент не сум се сомневал ниту, пак, сум се прашувал дали е тоа вистинскиот избор, ниту пак сум помислил дека би можел да бидам нешто друго. Од дете знаев дека ќе бидам актер. И бев дете-актер, вели Ѓорѓи Јолевски, едно од нашите најистакнати и најнаградувани актерски имиња. 

Без наука нема држава, оценуваат професори по повод Светскиот ден на науката: Квалитетот на нашето високо образование одамна е во слободен пад, состојбата со науката е уште полоша затоа што ако во високото образование нешто се финансира, во научноистражувачката дејност инвестициите се речиси на нула или не постојат, смета проф. д-р Петар Атанасов.


Жените да не се плашат од мамографскиот преглед - има услови за работа во пандемија, велат лекарите: Здравствените власти и лекарите се обидуваат повторно да го заживеат превентивниот скрининг за рак на дојка, откако сите превентивни прегледи беа запрени од почетокот на пандемијата на ковид-19. Од Националната комисија за рана детекција и скрининг на рак на дојка велат дека кога имаше намален број заразени и заболени од ковид-19, направиле обид повторно да ги врати овие превентивни прегледи.

Жените да не се плашат од мамографскиот преглед - има услови за работа во пандемија, велат лекарите: Здравствените власти и лекарите се обидуваат повторно да го заживеат превентивниот скрининг за рак на дојка, откако сите превентивни прегледи беа запрени од почетокот на пандемијата на ковид-19. Од Националната комисија за рана детекција и скрининг на рак на дојка велат дека кога имаше намален број заразени и заболени од ковид-19, направиле обид повторно да ги врати овие превентивни прегледи.

Студенти од Македонија добија половина милион долари за алатки за рекламирање на „Редит“: Никола Велковски е 22-годишен студент од Скопје кој заедно со уште двајца негови соученици, Стефан Котевски и Томислав Јуруковски, студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, направи револуција во информатичкиот сектор. Тие создале маркетинг-алатка наречена Ховитцер (Howitzer), која ја намениле за рекламирање на американската социјалната мрежа Редит (Reddit).

Уметникот Мице Јанкуловски-Мицко: Грчката публика ја сметам како своја: Оваа изложба во Солун ми е особено драга затоа што е заедничка со големиот грчки уметник Јоргос Ксенос. Дополнителна вредност е нашето пријателство, а и грчката публика ја сметам како своја, а приемот на мојата уметнсот во Грција е извонреден, вели Јанкуловски




Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема