Нашата работа е динамична и интересна затоа што работиме со лица кои секогаш имаат некоја животна приказна за раскажување. Негативна страна е понекогаш кога и покрај целиот тој труд, нашата работа не е ценета и вреднувана поради спротивни мислења и можеби преголеми очекувања од самите тие лица, но најчесто и од нивните семејства, вели негувателката Маре.
Од вкупно 40 испити на студиската програма Примената математика на Природно-математичкиот факултет при УКИМ во Скопје, плус дипломска работа, кои ги заврши за 3 години, 11 месеци и 27 дена, нема десетки само по пет предмети. Ива Лазова од Скопје го заврши факултетот со просек 9,80 и беше меѓу седумте најдобри дипломирани студенти од прв циклус за 2023 година кои ги промовира ПМФ и најдобар дипломец на нејзината насока.
Основана во 2017 година во Истибања, Виница, од страна на Моника Илиева (Monika Ilieva), Никола Илиев (Nickarth a.k.a Rialians On Earth) и Зоран Илиев (Billy Esteban), „Кафе де Анатолија“ продуцира и промовира различни жанрови од електронската музика, како органик хаус, чил аут, афро хаус и дип хаус.