Социјалните мрежи стануваат сè понезаменливи во нашите животи, дотолку што би се запрашале дали би биле посреќни доколку тие не би постоеле.
Истражувачкиот институт „Happiness“ од Копенхаген го тестирал овој проблем. Во нивно истражување учествувале 1.095 Данци, од кои 9% користеле „Фејсбук“ секојдневно, 86% често, а над три четвртини од нив биле на „Фејсбук“ 30 минути или подолго дневно.
Учесниците ги оценувале сопствените животи пред и по истражувањето. Потоа, половина од учесниците добиле предизвик да не користат „Фејсбук“ една недела („the treatment group“), а останатите продолжиле да го користат како и претходно.
Пред истражувањето, првата група имала индекс на среќа во просек од 7,56 од 10, а втората 7,67 од 10. По него, групата која не користела „Фејсбук“ една недела забележала пораст во индексот на среќа, и тоа на 8,12 од 10, додека другата група речиси не забележала промени.
Групата без „Фејсбук“ забележала и зголемена концентрација и помало чувство на осаменост и тага, како и зголемување на социјалната активност, поголемо задоволство во животот и чувство на присутност во моментот.
Конечно,
институтот заклучува дека корисниците на оваа социјална мрежа за 39% помалку среќни од оние кои престанале да ја користат мрежата.