X
 01.12.2015 Живот

Пред да станете од кревет...

Дали сте од оние луѓе кои скокаат од кревет пред да заѕвони алармот или од оние кои го одложуваат станувањето за „пет минути“? Во секој случај, солидната утринска рутина може да го трансформира целиот ваш ден. „Open colleges“ нудат неколку совети за студентите во врска со будењето. Тие наведуваат неколку работи што треба да ги направите пред да станете од кревет.


Наместете го алармот 15 минути порано

Кога ќе се разбудите, дадете си неколку минути за да „се вратите во реалноста“. Наместо да брзате за да стигнете, полека разбудете се и протегнете се, па ментално испланирајте го денот, медитирајте или мислете на облеката што треба да ја облечете. Бидете благодарни за денот и потсетете се на своите цели.

Природна светлина

Светлината е сојузник на вашиот природен часовник. Соодветно, заспиваме подобро во темница, а се будиме со светлината.


Протегнете се

Протегнувањето прави да се чувствувате добро, но и да се одборите. Освен тоа, тоа го подобрува крвотокот и прави подобро да размислувате.

Прочитајте инспиративна изрека

Наместо веднаш да проверувате „Фејсбук“ или вести, прочитајте нешто инспиративно додека се будите.

Слушајте музика

Не е тајна дека музиката е еден од најдобрите начини за подобрување на расположението, па зошто да не го започнете денот со весела музика?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот