X
 25.12.2015 Живот

Макпетрол одржа промоција на документарниот филм "Патот на боцата"

За  иновации и подобрување на работата никогаш не е доста. Ова го докажа и компанијата Макпетрол АД Скопје која за крајот на годината  со целодневен настан посветен на медиумите  ги откри подобрувањата во работата  и новостите кои ќе ги понуди на пазарот.


 
Љупчо Георгиевски, директор на дирекцијата за малопродажба на Макпетрол АД Скопје, го презентираше  новиот подобрен концепт  на бензинската станица Партизанска, проект целосно посветен на подобрување на услугата, што е во согласност со  целосната посветеност на Макпетрол кон своите потрошувачи.
 
„Макпетрол, како и секогаш досега, преку вакви и слични проекти ќе го подига нивото на услуга. Подобрувањето на ентериерот и екстериерот на бензинските станици, како и воведувањето нови содржини и производи е со цел позитивното искуство на нашите потрошувачи да биде уште поцелосно. Свесни сме и за важноста на квалитетот на услугата, па затоа нашите вработени ќе се потрудат Вашата посета на бензиските станици секогаш да биде пријатна. “ - изјави Љупчо Георгиевски.
 
Во новиот концепт на Макпетрол АД Скопје и овој пат не изостанува грижата за животната средина, па затоа директорот Љупчо Георгиевски, во своето обраќање даде акцент и на Метанот, природен гас што се применува како моторно гориво кај возилата на бензин и на дизел гориво, како нивна поекономична и почиста замена.
 
„Примената на ова гориво на глобално ниво е во постојан пораст. Во моментов, во светот околу 13 милиони возила се на погон на метан, од кои над еден милион се во Европа. Просечната годишна стапка на пораст на возилата на погон на метан во Европа во изминативе години изнесува 14% .  Двата силни фактори што ја наложуваат широката и перспективна примена на метанот се економичноста и заштитата на животната средина. Со неговата примена, по¬трошувачите ги користат економските предности, а придобивките од аспект на намалување на емисијата на штетните издувни гасови ги користи и пошироката заедница.

Макпетрол досега изгради три метански станици, првата е во кругот на ЈСП Скопје, а другите две се во состав на бензинските станици во Куманово и Влае. Бензиската станица Партизанска ќе биде четврта, но не и последна што на потрошувачите ќе им го нуди ова гориво. Макпетрол во иднина планира да отвори неколку полнилници за метан низ републиката, со што ќе создаде ефикасна мрежа наменета за возилата што го користат метанот како погонско гориво.“ - изјави Љупчо Георгиевски.
 
Креативноста воопшто не изостанува во современиот концепт на Макпетрол, а тоа се покажа за време на дружењето со новинарите, со проекцијата на документарниот филм „Патот на боцата“, преку кој беа презентирани целосно стандардизираните процеси на работа, се со цел купувачот да добие квалитетна, сигурна и брза услуга.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот