X
 08.10.2020 Здравје

За една недела: Зголемен бројот на заразени со Ковид-19 за 35,5 отсто, а бројот на починати за 7 отсто

За 7 дена, од 28 септември до 4 октомври годинава, регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи на Ковид-19 од 31 град во државата, што претставува зголемување од 35,5% во споредба со минатата недела, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Во овој период тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 1,5% повеќе од минатата недела.

Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12,2% или 3% повеќе од претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60. Во однос на една недела претходно, најголемо зголемување на бројот на новорегистрирани случаи се бележи во возрасните групи од 20 до 29 години и од 30 до 39 години, за 60%, односно 46,1%, соодветно.

Од вкупниот број нови случаи 403 (37,6%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 (3%) лица со историја на патување во последни 14 дена.

Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1% повеќе во споредба со претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50 до 59 години. 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје