Академик професор Владета Јеротиќ остави трага во областа на психоанализата, психотерапијата, религијата и филозофијата, а љубовта за него беше честа тема на дискусија.
Кога во еден момент го прашале која е дефиницијата за вистинска љубов, Јеротиќ рекол:
-Да се сака друг човек значи да се сфати и секако, да му се прости. Не е лесно да се сака човек онаков каков што е, но ако сме во состојба не само да го прифатиме туку и да го засакаме онаков каков што е, го поттикнуваме да стане онаков каков што може да биде. Затоа, ако некој го сакате навистина, обидете се да го промените со вашата љубов, а не со вашите ултиматуми - рече тој во една прилика.
Ова се уште некои негови мисли за љубовта.
-Не знам дали човек е во состојба да сака ако не е сака. Или речено поинаку, колку и со каква сила во детството сме биле сакани, толку ќе бидеме во состојба да ги сакаме другите.
-Дали постои совршена љубов? Не знам, тешко... Но, искрената љубов помага против стравот.
-Имаме духовна љубов, интелектуална, емотивна и физичка. Нема да рангирам, секоја од овие видови љубов е важна. Четирите компоненти никогаш не се задоволени бидејќи идеален брак нема. Нека бидат две, и кај едниот и кај другиот. Не знам кои, секоја е значајна. Секако, најтешко е да се усогласи емотивниот живот. Најлесно е, интелектуалниот. Веднаш штом забележите дека во брак една од овие компоненти слабее, веднаш негувајте некои други. Не ја занемарувајте физичката
љубов, особено во средните години.