X
 04.09.2018 Живот

Извршен директор ги претвора мрзливите работници во вредни со неколку збора

Директорот на „Дуолинго“, Луис фон Ан, точно знае што да направи со мрзливите работници.

Основачот на апликацијата за учење јазик, која е проценета на 700 милиони долари, неодамна разговараше за неговата стратегија кога станува збор за справување со недоволно вклучени работници.

- Можете да претворите некој што е доста мрзлив во најодговорната личност ако искрено верува дека компанијата и вие, како лидер, мислите дека она што го прави е важно. Неверојатно е колку е мотивирачки да седнете со некој и да му речете: „Она што го правиш е навистина важно“. Тоа го користам често - вели тој.

duolingo

Неговата техника е поддржана од резултатите од анкетата спроведена во 2016 година од „Линкедин“ и „Императив“, во која биле вклучени 25.151 глобален член на оваа мрежа. Целта на анкетата била да открие колку луѓе ја оптимизираат нивната работа за да ја усогласат со работата што нив им е важна. Анкетата открила дека 73 отсто од професионалците ориентирани кон одредена цел изјавиле дека се задоволни од нивната работа, наспроти 64 отсто од професионалците што не биле ориентирани кон никаква цел.

Луис фон Ан вели дека е во потрага по луѓе што имаат цели. Тој изјави дека не верува дека огромните плати ќе ги привлечат топ-кандидатите во „Дуолинго“.

Листата на „Гласдор“ за просечната основна плата во „Дуолинго“ дава увид во платите во компанијата - софтверските инженери заработуваат до 110.396 долари на годишно ниво, водечките дизајнери 97.793 долари, а менаџерите на производство од 83.000 до 115.000 долари.

Луис изјави дека неговиот тим го проверува талентот на кандидатите со спроведување детални референтни проверки и проверка на тоа дали перспективните вработени се арогантни и провокатори на сомнежи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот