X
 04.02.2016 Здравје

Во кои земји се прошири вирусот Зика?

Светската здравствена организација прогласи глобална вонредна состојба како одговор на ширење на вирусот Зика - но кои земји во моментов се погодени од вирусот?

 

вирус


Зика го шокираше светот со своето брзо ширење, како и сомневањата дека е поврзан со микроцефалија, болест која може да предизвика оштетување на мозокот кај бебињата.

Вирусот кој доаѓа од комарците, пристигнал во Бразил минатиот мај, и го пронашол својот пат и во други 24 земји. Во 15 од овие земји, пренесувањето на вирусот е широко распространето и се зголемува. Ширењето ја поттикна СЗО да прогласи глобална вонредна состојба, а Бразил ги предупреди бремените жени да се држат понастрана од овогодинешните летни Олимписки игри.

 



Зика може да предизвика вродени дефекти кај децата, како и невролошки проблеми кај возрасните. Во јануари вирусот бил донесен во Америка, кога пациент пристигнал во Тексас од Латинска Америка. Поради тоа, Америка издаде предупредување дека бремените жени не би требало да патуваат.

Oткако вирусот пристигнал во Бразил, избила епидемија - официјалните проценки велат дека околу 1.5 милиони луѓе се заразени. Бразил документирал 2.301% зголемување на бројот на случаи помеѓу 2014 и 2015 година.


Вирусот се пренесува од комарци, а поголемиот дел од земјите каде вирусот активно се шири се во Јужна и Централна Америка.

Во продолжение на мапата е прикажано каде вирусот Зика е проширен преку комарци.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје