X
 22.02.2022 Здравје

Експериментален третман го спречил враќањето на ракот кај пациентите

Истражувачи објавиле дека двајца пациенти што боледувале од хронична лимфоцитна леукемија во 2010 година се  излекувани од ракот една деценија подоцна благодарение на експериментален третман спроведен на Универзитетот на Пенсилванија.

Третманот вклучува отстранување на клетките што се борат со вирусите од крвта на пациентот, нивно репрограмирање за да се борат со малигни клетки и враќање во телото на пациентот. Истражувачите откривале дека сменетите клетки биле присутни во крвта на пациентите долго откако ракот исчезнал.


Фото: Pixabay

Клиничкото испитување покажува дека терапијата може да биде успешна за третирање одредени видови рак. Научниците додаваат дека не е невозможно ракот да не се врати по толку долго време дури и без третман и групата на која биле спроведени тестирањата била мала.

Затоа е рано да се прават генерализации врз основа на тестирањата и потребни се дополнителни истражувања, но оваа терапија се одобрува како третман за некои видови рак во САД.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје