За првпат на оваа манифестација и се придружуваат „Малите мајски оперски вечери“
наменети за најмладата публика.
Билетите се веќе во продажба, а може да се набават за различна цена, која зависи од
местоположбата - вип, партер или галерија. Највисоките, за премира се 1200 денари, но има и
претстави за 400 денари. Македонската и опера и балет нуди и блок-билети кои се за 30 до 40
отсто поевтини
Вкупно 15 оперски и балетски претстави и концерти ќе бидат изведени на 44. издание на
фестивалот Мајски оперски вечери кој традиционално ќе биде отворен на 9 мај, овојпат со
премиера на операта „Евгениј Онегин“ од Петар Илич Чајковски, а ќе заврши на 31 мај со
„Аида“ од Џузепе Верди. Покрај оперите, на годинашното издание ќе бидат изведени два
балета и два концерта за возрасни. За првпат на оваа манифестација и се придружуваат
„Малите мајски оперски вечери“ наменети за најмладата публика.
Билетите се веќе во продажба, а може да се набават за различна цена, која зависи од
местоположбата - вип, партер или галерија. Највисоките, за премира се 1200 денари, но има и
претстави за 400 денари. Македонската и опера и балет нуди и блок-билети кои се за 30 до 40
отсто поевтини.
Премиерата на „Евгениј Онегин“ е закажана за понеделник, во 20 часот. Режисерот Дејан
Пројковски вели дека направиле поинаква, жестока опера, со епска димензија за љубовта.
- Тоа е вечна потрага, страдање, колку растојание треба да поминеме во животот за да
разбереме дека вистинската љубов е тука, покрај нас - вели Пројковски.
Кореограф на операта е Олга Панго. Таа вели дека поставила сосема поинакви движења од
поставените класични танци на Чајковски.
- Ќе видиме како ќе реагира публиката. Дали ќе бидам каменувана или ставена на пиедестал -
вели Панго.
Настап на белградската атракција „Вива вокс“
Главната улога му е доделана на 25-годишниот баритон Иван Наумовски. Тој е благодарен
што му довериле главна улога.
- Тоа се случува ретко. Голема е одговорноста да толкувате главна улога во претстава со која
ќе се отвори волку важен фестивал - вели Наумовски.
Во операта ќе настапат Тамара Калинкина од Украина, Олгица Милевска, Николина Јаневска,
Елена Петрушевска, Домагој Доротиќ од Хрватска, Владимир Саздовски, Диме Петров и
Борко Биџовски.
Операта „Евгениј Онегин“ репризно ќе биде изведена на 11 мај.
Публиката ќе може да го види балетот „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски на 13 мај.
Ќе настапат Јапонката Шиори Касе, Кубанецот Јона Акоста и Дојчин Дочев од Бугарија.
На 14 мај ќе настапи белградската атракција „Вива вокс“. Хорот пред десет години го
основале група средношколци и нивната професорка и диригент Јасмина Лорин. Стилот на
изведба ооминал низ повеќе трансформации. Денес изведуваат уникатен микс на автентични
акапела интерпретации на поп-рок и алтернативна музика надополнета со битбокс.
Настапиле во концертната сала на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и
во големата сала на плоштадот Тјананмен во Пекинг.
Операта „Црвенкапа“ за најмалите
На 17 мај ќе биде изведена „Риголето“ од Џузепе Верди, а на 20 мај современиот балет
„Заспани убавици“, работен според романот „Куќата на заспаните убавици“ на Јасунари
Кавабата. „Хофманови приказни“ од Жак Офенбах е на репертоарот на 24 мај, додека
„Турандот“ од Џакомо Пучини ќе биде изведена на 26 мај. На 28 мај гала концерт ќе одржат
„Контратенори“ со Оркестарот на Македонската филхармонија. Солистички ќе настапат
Макс Емануел Ценчиќ од Хрватска, Василиј Хорошев од Русија и Реј Ченез од САД.
Фестивалот традиционално завршува на 31 мај со операта „Аида“ од Џузепе Верди.
Најинтересна годинава е програма за најмалите.
- Ќе има препиера на операта „Црвенкапа“, а ќе настапи и новоформираниот дестскиот хор
„Фалсето“ - вели Сони Петровски, директор на Операта при МОБ.
На 15 мај во 12 часот ќе биде изведена балетска претстава за деца „Доктор Офболи“. На 22
мај во 11 часот е премирата на оперската претстава за деца „Црвенкапа“ од Цезар Кјуи. На 27
мај во 18 часот концерт ќе одрѓи детскиот хор „Отрада“ од Русија, додека на 28 мај
премиерно ќе настапи детскиот хор „Фалсето“ при Македонската опера и балет. Детската
програма завршува на 29 мај во 12 часот, со балетската претстава за деца „Петар Пан“.
(В.Ф.)