X
 05.06.2016 Образование

Македонија е подготвена за "аутсорсин" на ИТ и бизнис услуги

04.06.2016, Битола – Македонија е подготвена и веќе обезбедува аутсорсинг услуги за многу домашни и светски компании и институции, е заклучокот од еднодневната панел дискусија организирана од BIT hub и Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) во Битола, во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт и ПРЕДА Плус, и водечката ИТ компанија во регионот - Интерворкс.



На денешната панел дискусија, насловена како „Македонија како аутсорсинг дестинација“ која беше дел од меѓународната конференција за применети интернет и информатички технологии организирана во Битола, говорниците се осврнаа на подготвеноста на институциите, бизнисот и на луѓето во Македонија да создадат аутсорсинг култура и да излезат во пресрет на развој на бизнисите во областа на информатичките технологии.

На настанот се обратија следниве панелисти:

- Ричард Ејвери (Richard Avery), меѓународен аутсорсинг експерт
- Карола Копланд (Carola Copland), меѓународен аутсорсинг експерт
- Нина Угриноска, национален аутсорсинг експерт
- Александар Мемца, Интерворкс
- Професор Илија Јолевски, ФИКТ

Организатор на настанот е BIT hub-от, а главен поддржувач на истиот е InterWorks. BIT hub кој е лоциран на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола обезбедува стручна и техничка помош за реализација на претприемничките идеи на студентите и бизнисмените. Како прв ИТ хаб во високо-образовна институција, BIT hub е посветен на остварување на блиска соработка со ИТ компаниите и вметнување на бизнис елементи во поддршката која ја нуди во развојот на старт-ап компаниите.



BIT hub-от се фокусира на развој на претприемништвото во ИТ секторот, односно заедно со ФИКТ работи на модели на соработка со бизнисот преку нудење на организирана структура за поддршка на бизнисот и младите во ИТ секторот. BIT hub-от е лоциран на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола и обезбедува стручна и техничка помош за реализација на претприемничките идеи на студентите и бизнис заедницата. Како прв ИТ хаб во регионот претставува простор за работа каде се поттикнуваат бизнис идеи и се обезбедува вмрежување на студентите и компаниите. Со BIT hub се покрива недостатокот на организирана структура за поддршка на бизнисот, канцелариски простор за работа, поддршка на претприемништвото и можности за врежување меѓу компаниите.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование