X
 13.07.2020 Образование

Избери квалитет, избери традиција, избери го УКЛО: Факултет за информатички и комуникациски технологии - Битола

Младите луѓе денес повеќе од кога било се одлучуваат да студираат информатички и комуникациски науки зашто благодарение на информатиката, светот одамна е „глобално село“. Покрај овие непобитни факти, популарноста средношколците да изберат да се запишат и да студираат на факултет како што е Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола (ФИКТ) се потврдува секојдневно.

Студиите на ФИКТ се мошне атрактивни и актуелни не само во денешново време, туку и за иднината, дотолку повеќе што актуелнава криза покажа дека придвижувања и раст се возможни меѓу другото и со информатичко реосмислување на организацијата на работа и забрзано прифаќање на дигиталните решенија.

Со стекнувањето диплома на ФИКТ веднаш по дипломирањето младите луѓе го започнуваат  и својот професионален пат бидејќи побарувачката на информатички, стручен кадар е потреба за секоја сериозна и одговорна компанија. Воедно, со добрите финансиски бенефиции што ќе ги стекнат по вработувањето, дипломираните студенти од ФИКТ стекнуваат самостојност, уште поголема сигурност и лична сатисфакција.

Ова, меѓу другото, го потенцира деканот на ФИКТ, проф. д-р Александар Маркоски, кој ја охрабрува генерацијата матуранти да студираат на ФИКТ зашто верува дека младите знаат дека информатичките знаења не се само глобален тренд, тоа се знаења поврзани со иднината на секое општество. Од Факултетот потсетуваат на идејата дека само преку најновите технологии може да се придонесе и за социјален и економски напредок во новиот дигитален свет. Дополнително, студентите од ФИКТ немаат проблем со вработувањето, платите во ИТ-секторот се убедливо највисоки, а вратите на овие стручњаци им се отворени во цел свет.

1

Во новата академска 2020/2021 година ФИКТ нуди наставни програми од т.н. хоризонтален тип, кои даваат солидни основи во различни сегменти на информатичките технологии: програмирање, дизајнирање, информациски системи, интернет-технологии, интернет на нештата, вештачка интелигенција, компјутерски мрежи, безбедност на ИТ-системи, компјутерски хардвер итн. Токму оваа атрактивна и современа студиска понуда овозможува ФИКТ да им нуди на студентите широк спектар на знаења кои понатаму претставуваат можност за нивно брзо вработување и дополнително, професионално усовршување.

Според годинашниот Конкурс за упис на нови студенти на УКЛО, ФИКТ нуди академски четиригодишни студии за информатички науки и комуникациско инженерство и академски тригодишни студии за информатика и компјутерска техника.

Инаку, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола наставата се одвива во нова современа зграда, една од најмодерните во државата, со нова опрема и современи компјутерски лаборатории.

2

Во текот на студирањето студентите можат доброволно да се вклучат во студентски проектни групи кои работат на реални проекти менторирани од ИТ-фирмите во регионот и професорите на ФИКТ. Најголемиот број студенти што успешно ќе ја завршат менторската програма остануваат и да работат во фирмите што ги менторирале. Од минатата година со средства на Европската Унија на ФИКТ започна доградба/адаптација на  ИТ Хаб/акцелератор кој овозможува поголема интеракција на студентите со ИТ-индустријата во текот на студирањето, но и поттикнување на студентите да реализираат свои иновативни идеи и да започнуваат свои бизниси.

(Koмерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование