Психијатрискиот Институт за истражување во Минхен по случајност ги архивирале деловите од телото кои биле користени од страна на нацистичките лекари. Човечките компоненти најчесто мозоци, беа откриени за време на вршењето на градежните работи во “Max Planck“, Институтот за психијатрија минатата година, а мрачната приказна за ова немнамерно складирање беше откриена оваа недела на израелското армиско радио, според австралискиот медиум “9 News“
Само пред и за време на Втората Светска Војна, овој институт беше поврзан со нацистичките терори на расна еугеника (расна чистка) и како дел од оваа идеологија, се бараше испитување на човечките тела. Многу од нив биле испратени до докторот во Аушвиц, Јосеф Менгеле, кој бил еден од најпознатите душевно растроени членови на Нацистичкиот режим.
Познат како “Ангел на смртта“, Менгеле бил дел од тимот на доктори кои избирале кои жртви да бидат убиени во гасните комори на концентрациониот логор, како и за вршење на насилни и смртоносни екперименти врз затворениците. Мозокот на многумина од нив кои умреле биле испратени до Институтот “Max Planck“.
Официјално мозоците биле во сопственост на Јулиус Халерворден, член на нацистичката партија, кој работел како шеф на невропатологија на Институтот. Тој подоцна заминал за да спроведе сличен екперимент врз жртвите, вклучувајќи и деца, во текот на Втората Светска Војна.
“Истражувањата во делови на мозокот и припаѓаат во сопственост на докторот и истражувач Јулиус Халерворден, што го поттикна претседателот на “Max Planck Society“, да започне вкупен преглед на сите овие институти што се сопственици на колекции со човечки примероци“- велат од организацијата во соопштението.
“Max Planck Society исто така именува проект со цел да се утврди идентитетот на жртвите врз основа на расположливите документи и податоци. Претходните обиди да се лоцираат ваквите контраверзни примероци на мозокот, кои потекнуваат од ерата на нацистите, се случило во 1990 година, а сите откриени примероци биле закопани во масовна гробница.
Во 2001 година се вршеле дополнителни проверки. Од Институтот признаваат дека класификацијата на примероците од мозокот, биле спорведени премногу површно.
“Наша должност е да го дадеме идентитетот на мртвите“- изјавил Мартин Стратман, претседател на “Max Planck Society“.
Двајцата лекари во центарот на оваа контраверзна приказна имале многу различни животи по распадот на Третиот Рајх во 1945 година. Кога бил испрашуван од Американски невропсихијатар таа година, Халеворден бил отворен за неговата вмешаност во програмата, и и му рекол дека не била негова грижа од каде дошле мозоците.
За време на пост воениот период тој имал истражувачка позиција во Институтот, а наводно умрел на 29 Мај 1965 година. Менгеле го напуштил Аушвиц на 17 Јануари 1945 година, кратко пред да биде ослободен од војниците на Црвената Армија. Со помош на мрежа на поранешни членови тој успеал да пребегне во Аргентина во јули 1949 година, избегнувајќи ги сите обиди за негово гонење се до неговата смрт на 7 Февруари 1979 година.