X
 07.10.2016 Здравје

Дали е безбедно да се внесуваат само 1200 калории дневно?

Многумина со желба да имаат повитко тело и помалку килограми прифаќаат предизвик да го минат денот со многу помалку калории од она што го внесувале претходно. Што мислат нутриционистите: дали ваквиот начин на исхрана може да има последици и дали телото може да преживее со само 1200 калории дневно?

диета


Ова ограничување може да влијае на плодноста и да е причина за анксиозност. Нутриционистката Урсула Филпот од Британската детска асоцијација, предупредува за лошите ефекти:

„Иако 1200 калории дневно е минимален број со кој просечна личност може да преживее, тоа не значи дека таквиот начин на исхрана е здрав. Постара личност ако не е активна или дебела, можеби и може да издржи со 1200 калории на ден. Но, многу е тешко да се постигне вистинското ниво на хранливи материи со таков строг режим, освен ако оброците не се внимателно испланирани.

Ако сте млади и активни ќе изгубите тежина и килограми со тек на време, но на телото ќе му биде потребно метаболичко прилагодување. Рацете и стапалата ќе ви бидат често ладни и ќе бидете опседнати со храната од време на време. Потоа следи анксиозност и генеално лоша состојба.“

Урсула објаснува дека тој број на калории треба да се гледа само како на почетна точка за бирање на здрава исхрана.

„Тоа би било како да се каже дека сите мажи мора да носат број на чевли 43. Постојат луѓе што може да живеат со 1200 калории дневно, но на други им се потребни 2400“ - вели таа.

Многу влијание има тоа како се чувствувате. Ако сте исцрпени, уморни, ако ви е студено, ако сте преокупирани со храна, ако имате вртоглавици, значи дека ви се потребни калории. Ако сте активни повеќе, внесувајте доволно јаглени хидрати, а ако имате вишок телесна тежина, намалете ги јаглените хидрати, а внесувајте протеини. Според Урсула, количината на храна што се внесува дневно зависи од годините, генетиката и нивото на активност.

Најважно е да го слушате своето тело.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје