X
 07.10.2016 Култура

Забранети книги од целиот свет кои апсолутно треба да ги прочитате

Може е добра идеја да не се дава на 10-годишно дете, книга за периоди и масовните убиства, но ако сте љубопитно дете, ќе вриете во себе и ќе бидите одлучни: "Јас дефинитивно ќе ја читам таа книга сега“.

Владите забрануваат книги од многу причини: сексуална содржина, верско богохулење, расизам и насилство, се само неколку во низата. Постојат такви нешта како книги што некои луѓе не треба да ги прочитаат (како на пример Антисемитскиот фалсификат-Протоколите на Еврејските мудреци).

Но, чинот на забрана на книгите е секогаш ужасна идеја. Тоа не само што ја крши слободата на говорот, туку ја возвишува книгата, а авторот има статус на маченик, што често е токму спротивното од она што забраната сака првично да го постигне.

Во чест на пишаниот збор, тука се 4 книги од целиот свет кои апсолутно треба ги прочитате.



забранети книги




1. Персеполис“ од Mарјане Сатрапи - забранета во САД

Mарјане Сатрапи е родена во Иран, а израснала за време на Иранската револуција. Во нејзиниот класичен автобиографски роман, Персеполис, таа ја раскажува приказната за растење како феминистичка панкерка во длабоко конзервативна земја.

Па така размислувате, оваа книга би била забранета во Иран, нели? Па, таа всушност никогаш не се објавила таму, но исто така книгата беше забранета во Чикаго. Администраторите ја повлекоа од државните училишни библиотеки повикувајќи се на "графичкиот јазик и содржината несоодветна за деца".

Реакциите беше жестоки и Сатрапи јавно се спротивстави на цензурата. Училишните функционери на крајот ја вратија назад, дозволувајќи неколку копии во училиштата.


2.“Сите се тивки на Западниот фронт“од Ерих Марија Ремарк - Забранета во нацистичка Германија


Познатата анти-воена книга на Ерих Марија Ремарк за измачувањата, бруталните борби во рововите од Првата светска војна, најверојатно била малку премногу реална за Хитлер. Нацистите ја забранија книгата за наводно оцрнување на германските воени напори и за тоа дека се работи за "дегенерирана книга". Фашистите ја фрлиле “Сите се тивки на Западниот фронт“ во некои од нивните логорски огнови за книги.

Ремарк, и самиот бил ветеран од Првата светска војна, морал да ја напушти Германија, но неговата сестра останала. Во 1943 година, нацистите ја уапсиле и рекле: "Твојот брат, за жал е надвор од нашиот дофат, но вие сепак нема да ни избегате". Тие ја обезглавиле поради "поткопување на морал". Ремарк живеел до возраст од 72 години. Неговата книга за деструктивноста и бесмисленоста на војната сѐ уште живее.


3.“Сатански Стихови“ од Салман Ружди-Забранета во Иран


Книгата на Ружди од 1988 година е можеби најпознатата забранета книга во 20 век. Во принцип, таа беше забранета во многу муслимански земји, бидејќи таа го богохулеше исламот. Ајатолахот Хомеини од Иран дури ставил фатва со повик за убиство на Ружди. Но, ајатолахот веројатно бил повеќе вознемирен во врска со поглавјето, во кое конкретно бил исмеван.

Ружди морал да помине години во бегство, како резултат на фатвата. Денес, приказната околу “Сатански Стихови“ е подобро позната отколку приказната на страниците на самата книга. Самата книга е прилично неверојатна, бизарна, магично реалистичка книга во насока како и Габриел Гарсија Маркез. Таа вреди да се прочита за нејзината чудна, речиси неопислива приказна. Но, дури и ако не го сакате тоа, барем го полудувате духот на ајатолахот.


4.“Доктор Живаго“ од Борис Пастернак: забранета во СССР


Советскиот Сојуз забранил многу книги. Сепак еден од најпознатите илустративни примери, беше класиката, “Доктор Живаго“ од Борис Пастернак. Книгата на Пастернак е хаотично расфрлена, епски роман, што се случува во почетокот на 20 век во Русија. Централната приказна е љубовна приказна, но книгата е исто така критична во однос на Руската револуција.

Пастернак имал пријатели кои ја прошверцувале книгата од Русија, со цел да ја објават. Следната година на Пастернак му била понудена Нобелова награда за литература, но тој одбил, поради загриженоста за одмазда од страна на Комунистичката партија. Тие му се заканиле дека нема да му дозволат да се врати дома, ако тој отиде да ја прими наградата, и да ја испрати неговата љубовница во Гулаг. Книгата не била објавена се до 1988 година во СССР.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура