Два дена на почетокот на јуни секоја година во Кина средношколците што треба да матурираат полагаат приемен испит за колеџ. Тоа е буквално национален настан на исто ниво со национален празник, но многу помалку забавен.
Градежните работи во близина на испитните сали се запрени, а сообраќајот пренасочен. Амбулантните возила се надвор на повик во случај на нервни колапси, а полицијата ги обезбедува студентите. На радио-емисиите се дискутира за прашањата во детали, а најдобрите ученици се слават на национално ниво. Резултатите ги одредуваат животните можности и потенцијалот за заработка и овој резултат е најважниот од сите во животот на децата во Кина, кулминација на години образование, меморирање и постојан стрес.
Родителите обично се во исчекување на своите деца надвор од просториите нестрпливи да дознаат како нивните деца го поминале испитот. Мамењето е голем проблем. Шпионски камери, радио уреди, уреди за помош при одговарање на прашањата се често пронајдени во накит, паричници, пенкала, училиштен прибор и долна облека. Во повеќето простории има сигурносни камери и се користат детектори за метал. Идентитетот на учениците се потврдува со отпечатоци од прстите и со други методи, а тестовите се доставуваат со обезбедување и се надгледувани со GPS уреди, под посебен надзор се и задолжените за тестовите. Казните за прекршоци на правилата се големи: може да се добијат големи парични казни, но и затвор.
Гаокао е симбол на образовниот систем во Кина. Западот често го оценува како монолитен и механички, а во Кина се смета за тежок, но фер. Во Европа постои мислење дека кинеските училишта произведуваат автоматски кадри што се неспособни за критичко размислување, а во Кина сметаат дека европските училници се полни со ученици што стојат врз клупите како оние во филмот „Друштво на мртви поети“.
Сепак, иако кинескиот систем подлежи на критики за механичкото учење, во прекуокеанските земји е почитуван заради високите стандарди. Во својата модерна форма испитот прв пат се одржува во 1977. Тој се состои од четири предмети што се решаваат по 3 часа: Кинески, Англиски, Математика и по избор, некоја од природните или хуманистичките науки. Прашањата се обично со повеќе избори или со дополнување, но се екстремно тешки. Задачите по математика се на ниво на универзитетската математика во Велика Британија.
Постои можност испитот да се полага следната година, но ако повторно не успее, ученикот нема алтернативен пат до универзитет. Во Кина тој е нарекуван
dumuqiao или
“single-log bridge” – тежок пат што секој мора да го изоди. Богатите семејства плаќаат за дополнителни подготовки на нивните деца, а за подобрите универзитети има високи стандарди за влез.
Иако повеќе од 9 милиони млади го полагаат секоја година, бројката постојано опаѓа. На популарност добиваат стручните курсеви кои нудат подобри можности за наоѓање работа по дипломирањето, особено за учениците со помалку конкурентни оцени. Сé повеќе студенти се запишуваат на универзитетите во други земји, а има и многу што средно училиште учат во странство. Има повеќе од 300.000 студенти од Кина што студираат во САД и преку 90.000 во Велика Британија. Многу колеџи надвор од Кина го признаваат гаокао, но тој не е неопходен за запишување. Со ова, исто како што богатите Кинези го чуваат своето богатство во странство за да го заштитат, децата ги бираат странските образовни институции за да постигнат таков ефект врз индустријата.