X
 09.11.2016 Живот

Фантастичен приказ на порастот на населението во светот

Потребни беа 200 илјади години за да се стигне до бројка од една милијарда луѓе на планетата Земја, а само 200 години тој број да порасне на седум милијарди!

Пораст на популацијата во светот во последните 200 години


Во јули 1987 година, загрепчанецот Матеј Гашпар, е прогласен за петмилијардитиот жител на Земјата.

Денес, само 29 години подоцна, населението на планетата брои околу 7,5 милијарди жители, што упатува на заклучокот дека доколку се задржи овој тренд на пораст, до крајот на 21 век бројот на жители ќе достигне до 11 милијарди.

Вработените во Американскиот природонаучен музеј изработија фантастичен приказ во кој се гледа како и со колкава брзина се случувала експанзија на населението низ историјата.

За крај, треба да се погледнат и бројките со кои оперира Светска банка и каде е нотиран порастот на населението од 1960 година до денес, во следните држави:

Авганистан  -  од 9 на 32 милиони
Алжир  - од 11 на 40 милиони
Бангладеш  -  од 48 на 160 милиони
Бразил  -  од 72 на 207 милиони
Кина  -  од 667 милиони  на 1,3 милијарди
Египет  -  од 27 на 91 милиони
Етиопија  -  од 22 на 100 милиони
Индија  -  од 450 милиони на 1,3 милијарди
Индонезија  -  од 85 на 250 милиони
Кенија  -  од 8 на 46 милиони
Малезија  -  од 8 на 30 милиони
Мексико  -  од 38 на 127 милиони
Нигерија  -  од 45 на 182 милиони
Пакистан  -  од 45 на 189 милиони
Филипини  -  од 26 на 100 милиони
Турција  -  од 27 на 78 милиони
САД  -  од 180 на 321 милиони

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот