Зоран Цветаноски од Скопје го погоди најголемиот коефициент на тикет уплатен „во живо“ во третата седмица од акцијата на Sport Life обложувалници и го доби третиот часовник Festina Prestige.
Педесетгодишниот Зоран Цветаноски од Скопје минатата сабота, во уплатното место на Sport Life во Карпош 4 уплати тикет со седум натпревари на кои оствари вкупен коефициент од 442,72. Зоран е пример за тоа дека часовникот може да го освои било кој затоа што обложувањето во живо не е негова игра но овој пат имал конкретна цел: -„Се обложувам одамна и главно играм тикети со натпревари кои сакам добро да ги истражам на интернет. Обложувањетo во живо не е моја игра, но овој тикет беше уплатен со намера да го „фатам“ највисокиот коефициент во неделата и да го „бркам“ часовникот. Го уплатив во 22:01 часот, ме посака среќата, а најголемиот коефициент на тикетот беше на натпреварот на италијанската двојка Терамо - Анкона, кој во тој момент беше израмнет. За да го дополнам тикетот додадов дека ќе има и гол повеќе на мадридското дерби, а и Лехија направи пресврт за да „излезе“ кецот“, почна Зоран.
Од пред два месеци Sport Life воведе нов модул за обложување во живо во кој може да се прогнозира на било кој натпревар и да се користат истите шифри од билтенот што е значително олеснување за играчите. Сите добитни тикети уплатени „во живо“ се наградуваат и со дополнителен бонус од 5% до 10% во зависност од бројот на прогнозирани натпревари.
„Овој вид обложување е одлична идеја, има повеќе адреналин, различна е логиката за типување на веќе започнати натпревари. Морам да ве пофалам за идејата за играта и за оваа акција, а часовникот е круна на тикетот“, додаде Зоран.
Зоран е редовен клиент на Спорт Лајф обложувалници кој како што ни изјави, има сериозен пристап и остварува редовни добивки: -„Досега имам неколку поголеми добитни тикети, последниот пред две седмици, на кој имав погодено 15 натпревари. Ги следам натпреварите и анализите на интернет и „бркам“ изненадувања и често сум добитен. Освен ваучерите, ова ми е прв вреден подарок, а поените од тикетот добро ќе користат и во Типстер купот“, заврши Зоран.
Акцијата во која секој понеделник Sport Life обложувалници доделуваат часовник за најуспешните типувачи „во живо“ продолжува до 25-ти декември до кога ќе бидат доделени уште 5 луксузни часовници од колекцијата Festina Prestige.