X
 09.11.2016 Живот

Јонче е добитник на првиот Festina Prestige

Типстерот што го погоди најголемиот коефициент на тикет уплатен „во живо“ за изминатата седмица го доби заслужениот подарок - луксузен часовник Festina Prestige.



Јонче Т. oд Скопје во неделата, во уплатното место на Sport Life во Петровец го уплати тикетот на кој имаше осум натпревари и вкупен коефициент од 579,75. Со тоа, тој стана првиот од вкупно осумте прогнозери што ќе добијат Festina Prestige во текот на акцијата „Обложувај се во живо за да не ти биде криво“.

За часовникот може да се натпреварува секој, единствен услов е да го погоди највисокиот вкупен коефициент во седмицата на тикет составен од натпревари од понудата за обложување во живо. Од неодамна Sport Life воведе нов значително подобрен модул за обложување во живо во кој може да се прогнозира на било кој натпревар и да се користат истите шифри од билтенот што е значително олеснување за играчите. Сите добитни тикети уплатени „во живо“ се наградуваат и со дополнителен бонус од 5% до 10% во зависност од бројот на прогнозирани натпревари.

„Мајсторот“ од Петровец е редовен играч на Sport Life кој од неодамна започнал да се обложува „во живо“: - „Играм одамна, на „обични“ тикети, а во последно време и доста „во живо“. Типувам претежно на фудбалски натпревари и омилена игра ми е прогнозирањето на голови, 3+, 4+, таков беше и добитниот тикет. Немам некој систем на игра, гледам што е актуелно во понудата а голови секогаш има.“- почна Јонче.

Со надградбата на модулот, Sport Life овозможи уплата на задоцнети тикети, односно тикети на кои веќе има започнати натпревари. Како што изјави Јонче, токму оваа нова функција на модулот му овозможила да го освои часовникот.
„Овој тикет го уплатив „во живо“ затоа што не успеав да стигнам на време и дел од натпреварите веќе беа почнати. Новата понуда за „живо“ во Sport Life е одлична и затоа не сакав да ја пропуштам шансата за евентуална добивка“- додаде Јонче.

Акцијата во која секој понеделник Sport Life обложувалници доделуваат часовник за најуспешните типувачи „во живо“ продолжува до 25-ти декември до кога ќе бидат доделени уште 7 луксузни часовници од колекцијата Festina Prestige.


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот