X
 16.02.2022 Живот

Реклама на Супербол беше толку популарна, што ја сруши апликацијата

Рекламата на „Коинбејс“, која траеше 60 секунди за време на Супербол во Америка, привлече толку големо внимание што се сруши апликацијата што ја рекламираше.

Целата реклама се состоеше од колоритен QR-код на црна заднина. Кога гледачите го скенираа QR-кодот, тоа ги носеше до промотивната веб-страница на „Коинбејс“ каде што се спроведува промотивна кампања во која новите корисници добиваа бесплатни биткоини во вредност од 15 долари. Исто така, се нудеше и учество во наградна игра во која можеа да освојат 3 милиони долари.

Понудата беше временски ограничена, а новите корисници имаа рок до 15 февруари да добијат 15 долари во битокини. Сепак, рекламата предизвикала толкав интерес што апликацијата на „Коинбејс“ за брзо време паднала.

- Ова беше попопуларно отколку што очекувавме. Дајте ни малку време, но не грижете се. Ќе ви испратиме е-пошта кога ќе ги вратиме работите во нормала - пишуваше на екранот на апликацијата.



Извор: Techspot.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот