X
 16.06.2018 Култура

Овие работи можеби ги имате дома, а не знаете колку вредат

Живееме во време кога сѐ се фрла. Одличните албуми ги ставаме во досадните фолдери. На секои две години ги менуваме мобилните. Најдобриот телевизор кој штотуку сте го купиле станал стар модел во моментот кога сте го однеле во вашиот дом.

Како повеќе ништо да нема вредност.

Но работите од времето кога не беше вака денес вредат уште повеќе, а нашите тавани, подруми и гаражи можеби се златни рудници кои кријат драгоцени тајни.

Ова се само некои од нив.

„Diamond Dogs“ на Дејвид Боуви

Ако случајно ја најдете оваа плоча од Дејвид Боуви, проверете за кое издание станува збор. Кога албумот се појавил првпат во 1974 година, на обвивката се наоѓал Боуви од половината надолу со кучешки нозе. Но првите изданија ги прикажувале и гениталиите, што во подоцнежните изданија биле цензурирани.

Во случај да го имате експлицитниот Боуви, можеби на „Ибеј“ ќе можете да заработите добри пари бидејќи еден од примероците во 2003 година е продаден за скоро 3.000 евра.

Стари видео-игри

Видео-игрите за старите уреди и денес постигнуваат големи цени кај колекционерите кои се спремни да дадат и до 950 евра за некои од овие ретки игри.

„Супер Марио“, „Мега Ман Х3“, „Харвест Мун“ или „Хроно Тригер“ постигнува цена од 300 до 500 евра, а „Литл Самсон“ за оригинално „Нинтендо“ може да достигне и цена над 860 евра.

„Покемон“ и „Ју-Џи-Оу“ карти

Некогаш го имаше секое дете, но денес се ретки. Картите не постигнуваат висока цена, но постојат ретки карти што колекционерите сакаат да ги набават и се подготвени за нив да издвојат сериозни пари.

Стари машини за пишување

Можеби стои некаде во гардеробот, а можеби во гаражата и сметате дека не вреди, но старите машини за пишување понекогаш достигнуваат високи цени. Во зависност од моделот и староста, на „Ибеј“ понекогаш достигнуваат цена до 500 евра.

Стари фигури од Химен

Децата кои растеле во 80-тите веројатно се сеќаваат на фигурите од Химен со кои обожаваа да играат. Иако во вакви случаи најчесто важно е играчката да не е извадена од кутијата, понекогаш постојат и ситуации во кои и отпакуваната играчка достигнува добри цени од над 100 евра.

Книгите „Хари Потер“


Ако го имате првото издание од „Хари Потер“ од 1998 година на кој авторката е потпишана како Џоан Ролинг (имало само 500 книги пуштени во продажба), за неа би можеле да добиете над 47.000 евра.

„Дизни“ видео-ленти

Не е познато зошто некој би издвоил пари за лоша копија од било кој цртан или филм, но интернетот е необично место. Постојат луѓе кои собираат исклучиво видео-ленти, а нивната цена достигнува над 7.500 евра.

„Лего“

Во зависност од тоа што имате, постарите „Лего“ комплети може да достигнат пристојна цена, но како и во случај со останатите играчки, и овие мораат да бидат спакувани. За нив ќе добиетедо 400 евра. Во случај да не се, вредат малку.

Стари маици од хеви-метал групи

Кој би рекол дека стара маица од некоја хеви-метал група би можел да има цена. Но како што веројатно можете да претпоставите, постојат луѓе кои би дале и 1.600 евра за автентична винтиџ маица.

Стари мобилни телефони

Можеби за вас е лудо кога ќе слушнете дека некој е подготвен да даде 1.000 евра за новиот „Ајфон Екс“, но подгответе се за шок - некои луѓе се подготвени да платат 2.000 евра за првиот „Ајфон“ од 2007 година.

Всушност, луѓето се спремни да платат доста пари за стари мобилни телефони, па така „Моторола ДинаТАЦ 8000Екс“ од 1983 година може да достигне цена и преку 400 евра.

Стари „Адидас“ патики

Љубителите на патики знаат дека моделите од 70-тите и 80-тите всушност никогаш не излегуваат од мода. Она што можеби не го знаат е дека старите модели постигнуваат цени над 1.000 евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура