Доколку уживате во брзата храна што ја нудат големите синџири за исхрана како „Мекдоналдс“, треба да му бидете благодарни на еден човек - Том Рајан. Тоа е човекот со најголемо влијание во светот на брзата храна.
Како студент на државниот универзитет во „Мичиген“, Рајан ја почнал кариерата изучувајќи ја науката за храната. Потоа магистрирал во областа на липидната токсикологија, а докторатот му бил во полето на хемијата на вкусови и мириси. Тој планирал да стане лекар, но се заинтересирал за науката поврзана со храната по предлог на неговата девојка во тој период.
По докторирањето, Рајан работел на производи како кафе и какао за повеќе компании. Тој работел и на усовршувањето на тестото за замрзнатата пица од американскиот бренд „Пилсбури“, а ова му ја донело работата во „Пица Хат“ во 1988. Станал директор за нови производи во синџирот на пицерии.
Еден коментар од неговиот претпоставен дека нема што да измисли кога станува збор за пицата го поттикнал Рајан да работи на нова иновација. Така тој се сетил да додаде кашкавал во тестото. Производот бил хит и пицеријата продала пици со полнето тесто во вредност од над милијарда долари во првата година. Продажбата се покачила за 10% како резултат на новиот производ.
Фото: Pixabay
Рајан вовел други нови производи во „Пица Хат“ и со тоа станал познат во индустријата. Набрзо почнал да работи за „Мекдоналдс“. Неговиот најпознат изум во синџирот на ресторани за брза храна е сендвичот за појадок „Мекгридл“. Според „
Мекдоналдс“, продажбата во време на појадок значително се зголемила по воведувањето на овој производ.
Во текот на годините тој измислил и неколку други производи за „Мекдоналдс“, меѓу кои „Мекфлри“, менито на производи од еден долар и десертот „Фрут ен јогурт парфе“.
Фото: Pixabay
Во 2007 г. Рајан основал свој бизнис заедно со соработник. Станува збор за синџир на ресторани за брза храна наречен „Смешбургерс“. Во следните пет години биле отворени до 200 ресторани од брендот, а „Форбс“ двапати ја прогласи компанијата за најперспективна во САД. Денес, компанијата има 400 ресторани во 9 земји.
Во 2012 г. Рајан основал синџир на ресторани за спортска исхрана наречен „Томс урбан“.
Автор: Дејвен Хиски
Извор:
todayifoundout.com