X
 16.11.2021 Образование

Ова се универзитетите со најдобра репутација во светот за 2021 година

Американскиот универзитет „Харвард“ се наоѓа на врвот на листата со универзитети со најдобра репутација 11. година по ред. Речиси 11.000 академици од 128 земји учествувале во овогодишната анкета за универзитети, спроведена од страна на „Тајмс хајр еџукејшн“.

САД имаат најмногу универзитети на листата - 57. Следува Обединетото Кралство со 25 претставници. Кинескиот универзитет „Цингхуа“ во Пекинг е првата кинеска институција во најдобрите 10 на листата.

На целосната листа има и 4 универзитети од Индија, а 2 од Јужна Америка.

Универзитети со најдобра репутација во светот

1. „Харвард“, САД
2. Технолошки институт во Масачусетс, САД
3. Универзитетот „Оксфорд“, Обединето Кралство
4. „Стенфорд“, САД
5. Универзитет „Кембриџ“, Обединето Кралство
6. Универзитет на Калифорнија, Беркли, САД
7. „Принстон“, САД
8. „Јеил“, САД
9. Универзитет на Калифорнија, Лос Анџелес, САД
10. „Цингхуа“, Кина

Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование