X
 16.11.2023 Живот

Почина актерот Мето Јовановски

На 77-годишна возраст, денеска почина актерот Мето Јовановски.

Актерската кариера ја започнал на сцената на Народниот театар во Штип, па за кратко време се истакнал како еден од водечките драмски актери во нашата земја.

„Тетовирање“, „Среќна Нова 49“, „Пред дождот“, „Големата вода“, „До Балчак“ се само некои од улогите на Јовановски омилени на македонската публика. Освен тоа, Јовановски има глумено во многу ТВ-серии, меѓу кои најпозната е „Опстанок“.

Тој е добитник на многу награди, меѓу кои „Златна капа“ во Белград, четирикратен лауреат на наградата „Милтон Манаки“, наградата „Петре Прличко“, наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело и многу други.


Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот