X
 08.02.2017 Здравје

Зошто снегот ги зголемува шансите за инфаркт?

Неодамнешните анализи од Универзитетот Харвард покажуваат дека во деновите на снежни врнежи ризикот од срцев удар е зголемен за 23%.

снег

Експертите веруваат дека причината позади ова е напорното копање на снег со лопати, стресот дека можеби ќе заглавите во домот и задоцнетото пристигнување во болница поради снежните услови на патот. Во нивното истражување, тие направиле анализа на повеќе од 430.000 пациенти примени во болница во Бостон во период од 2010 до 2015 година.

Во деновите без снег, бројот на пациенти со срцеви заболувања бил за 32% помал. Џенифер Боб, авторка на истражувањето вели дека глобалните климатски промени и големите снежни бури стануваат почести и посилни.

Разбирањето на трендовите на хоспитализација во однос на снегот може да помогне да се воспостави подобар начин за заштита на јавното здравје во текот на зимските месеци. Истражувањето се надоврзува на друго истражување од септември минатата година кое открило дека лошото време, особено дождот и недостатокот на сонце ги влошува хроничните заболувања.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје