X
 12.03.2023 Забава

Во најмалата фудбалска лига во светот два тима се натпреваруваат меѓу себе повеќе од 100 години

Дали знаете дека најмалата фудбалска лига во светот се наоѓа на британски остров и е составена од само два клуба кои играат меѓусебни дуели во текот на целата сезона?

Станува збор за лигата на островот Сили, каде што екипите „Вулпак Вондерерс“ и „Гарисон Ганерс“ секоја година се борат за освојување на титулата во лигата.



Во оваа лига тимовите имаат буквално 50:50 шанси да го освојат првенството. Бидејќи се делат трофеи и во лигата и во рамките на првенство, навивачите на овие тимови често имаат можност да ги видат своите миленици како го креваат пехарот.

Двете екипи играат една против друга дури 17 пати во една сезона и се борат за шампионската титула. Натпреварите обично се играат во недела. Она што е најинтересно е што оваа лига се игра континуирано од 1920 година.



Два тима играат 103 години без можност за испаѓање или напредување. Во моментов, „Вулпак Вондерерс“ е првак и има повеќе титули.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава