Водушниот сообраќај се зголемува секоја година. Холандскиот инженер, Хенк Хеселник, од Холандскиот Аероспејс центар (Netherlands Aerospace Centеr) верува дека треба радикално да се промени начинот на проектирањето на аеродромите, па затоа предложи проект со името Бескрајна писта (Endless Runway).
„Холандскиот инженер Хенк Хеселник верува дека радикално треба да се промени начинот на проектирањето на аеродромите и предложи проект кој предвидува кружна писта за полетување и слетување на авионите.“
Станува збор за ракикална идеја кој предвидува кружна писта за полетување и слетување на авионите и која би требало да ја зголеми брзината на опслужување на аеродромот, да ги намали редовите и да спречи некои одложувања поради лоши временски услови.
Дизајнот на пистата ги надминува физичките проблеми кои вообичаено се појавуваат кај пистите и овозможува полетување и слетување на авионите во која било насока.
„Размислував како да се избегне страничниот ветер кој на пилотите им предизвикува проблеми при слетувањето. Потребен е систем каде авионите ќе можат да полетаат и слетаат при исти ветрови. Решението е – круг“, изјави Хенк Хеселник за „Лонли Планет“.
Колку страничните веротви се појаки, толку повеќе пилотот ќе мора да маневрира. Кога силните ветрови дуваат на пистата под агол од 90 степени, таа мора да се затвори.
Претпоставката е дека при нормални метеоролошки услови (без голем ветар) на
бескрајната писта би можеле да полетуваат три авиони во исто време. Тоа е приближно еднакво на нормални аеродроми со четири писти.
На овој начин би се скратило времето за пристигнување до одредена дестинација, бидејќи авионите нема да губат време чекајќи во ред за своето полетување.