X
 15.07.2017 Политика

Смртта на човекот што немал непријатели

Лију Сијаобо, еден од најпознатите критичари на кинеските властодржци, почина на 61 година по долгогодишна затворска казна. Тој е добитник на Нобеловата награда за мир и се залагаше за мирно воведување на демократијата во Кина.

лију сајаобо
Фото: picture-aliance/NTB scanpix

Тој беше прав кинески патриот, со визија и мисија за својата земја и не се плашеше од семоќната Комунистичка партија. Тој веруваше дека најдобриот пат за Кина не е еднопартиската диктатура, туку демократијата.

Тој првпат доаѓа во конфликт со властите по насилното задушување на демократското движење во јуни 1989. Непосредно пред тој датум се вратил од истражувачки престој во САД и посакал лично да биде дел од движењето. Ноќта меѓу 3 и 4 јуни на плоштадот „Тјенанмен“ тој успева да издејствува повлекување на група студенти од пазарот што тие луѓе ги заштитува од масакр. Колењето на тој пазар длабоко навлегло во неговата свест. Сметал дека е негова должност, затоа што преживеал, да се бори за правда во име на убиените.

Во декември 2008 Лију заедно со 300 други кинески интелектуалци и активисти за заштита на човекови права го потпишува манифестот Карта 08, кој се залага за мирна демократизација на Кина. Во него се бара независно правосудство, слобода на здружување и крај на еднопартискиот систем. Режимот го сфаќа тоа како фронтален напад и неколку дека по неговото објавување тој е уапсен како еден од главните иницијатори. На 25 декември 2009 година осуден е на 11 години затвор поради поттикнување на соборување на државната власт.

На 20 февруари 2010 година тој објавува есеј во кој реагира на пресудата: „Би сакал да му кажам на режимот кој ми ја одзеде слободата – јас немам непријатели. Не го прифаќам вашиот надзор, вашиот затвор и вашите пресуди. Но, ја почитувам вашата професија и вашата личност“.

Тој текст е прочитан на 10 декември 2010 година на доделувањето на Нобеловата награда за мир кога на подиумот неговиот стол останува празен. Наградата му е доделена поради „долгата и ненасилна борба за фундаментални човекови права во Кина.“

Дури ни неговата сопруга не добила дозвола да отпатува во Осло и да ја прими наградата затоа што била во куќен притвор.

Кон крајот на јуни 2017 накратко излегува од затвор за да биде однесен во болница поради рак на црниот дроб во последна фаза, но не му било дозволено лекување во странство. На 13 јули 2017 умира на 61-годишна возраст.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика