X
 14.09.2017 Наука

Неверојатниот „јонски ветер“ на огнените пламени

Може да се каже дека колку што постои човештвото, толку и се користи огнот. Денес, огнот е предмет на цели полиња на научно истражување. Научниците сè уште се обидуваат да разберат како точно функционираат пламените. Новите откритија можат да доведат до иновации кои можат да помогнат за побрзо гаснење на огнените јазици. За да дојде до тоа, научниците треба да можат да видат што точно се случува во пламените.


Истражувачки тим од Саудиска Арабија развил нов метод за генерирање на 3Д-слики на пламени кога се изложени на електрични полиња. Кога електродите се поставени на секоја страна од пламенот, се креира „јонски ветер“ – електризирани честички во пламенот се движат кон електродите и однесувањето на пламенот може да се смени врз основа на волтажата и моменталното нанесување на електродите. За да се следи „јонскиот ветер“, истражувачите поставиле ласер од аргон на пламенот, додале рефлексивни честички на огнот и потоа ја следеле светлината што отскокнувала назад.

Користеле генератор за чад, а морале да го контролираат тајмингот многу внимателно за да не го прекинат главниот тек. Сликите што произлегле од целиот процес не само што се корисни за разбирање на огнот и неговото однесување, туку и изгледаат неверојатно. Погледнете на следниот линк.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука