X
 17.12.2020 Живот

Од утре стапуваат во сила новите мерки, се апелира да нема домашни собири за празниците

Новиот пакет мерки, кој ќе важи до 21 јануари, има цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во претстојниот период на празници.

Со новите мерки е предвидена реорганизација на работното време на угостителите и тие од утре ќе затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега. Во сила останува забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.

Забрането е групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид собири во периодот на празниците, а хотелите ќе треба да ги затворат своите ресторани по 21 часот. Забрана за собири на отворено и ограничен број посетители во затворен простор со задолжително носење маски ќе важи и за празнување на верските празници што следуваат.

- Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за празниците. Да празнуваме одговорно заради сите нас - порача министерот Венко Филипче.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот