X
 26.02.2018 Култура

Добре дојдовте во Транснистрија, земјата што не постои

zemja

Што ја прави една нација она што е? Дали тоа се границите, владата или националната химна? Пасошот? Претседателот? Што ако имавте нација што ги има сите овие работи, но не е официјално признаена од ниту една друга нација на светот?

Добре дојдовте во Транснистрија.

Ако некогаш успеете да ја посетите оваа земја, тогаш првото нешто што најверојатно ќе го забележите се скулптурите на Ленин. Всушност, земјата е полна со потсетници од не толку далечното советско минато. Можете да најдете слики од Сталин во продавниците, а нивното знаме содржи чекан и срп. Но и покрај националната почит кон советските личности, Транснистрија не е комунистичка држава.

Изобилството на советски споменици е одраз на времето во кое била формирана псевдонацијата. Кога СССР се распаднал во 1990 година, новата независна држава Молдавија го објави својот план за обединување со својот сосед Романија. Но повеќето Молдавци што живееле источно од реката Днестар биле луѓе што зборувале руски, и не се чувствувале исто. Затоа тие прогласиле независност.

Транснистричката војна започнала во 1992 година, а траела четири месеци. Завршила со прекин на огнот. На крајот, пошироката нација одлучила да ѝ даде на помалата ограничен степен на автономија, но сè уште ја нема признато независноста на Транснистрија. Со други зборови, Транснистрија не е официјална нација, но никој не се меша во нивниот суверенитет.

Речиси сè што ќе сретнете во Транснистрија е од некое старо време. Покрај спомениците од советските лидери, постојат и патишта именувани по Маркс, Енгелс и астронаутот Јуриј Гагарин.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура