Болно грло, лоша дигестија и губење на тежината се нешта на кои често не обрнуваме внимание, но според последните тврдења на експертите, токму малите проблеми може да бидат симптом на многу посериозна
болест.
Фото: Pixabay
Ова се некои од симптомите што треба да се сфатат многу сериозно:
Кашлица
Сѐ уште владее сезоната на грипови, па кашлањето е нешто што се подразбира, но ако тоа не престане, може да е симптом за сериозни проблеми, како рак на гркланот, штитната жлезда или на лимфниот систем.
Промени во варењето на храната
Во студија водена од страна на Катрина Витакер, 18 отсто од лицата доживеале промени во варењето на храната. Иако споменатите промени често се последица на лошата исхрана или на лекови, ако постојано се повторуваат, може да се симптом на рак на цревата.
Уринарни проблеми
Ако забележите крв во урината, без разлика дали сте жена или маж, болка или постојана потреба за мокрење, дефинитивно е време да му се обратите на својот лекар бидејќи тоа може да биде симптом за рак на мочниот меур, бубрезите или на простатата.
Необјаснива болка
Јаката и упорна болка во телото секогаш е сигнал за проблеми, а може да биде што било - од рак на коските до рак на јајчниците. Истражувачите тврдат дека само 40 отсто од лицата што чувствуваат силна болка се загрижени.
Болно грло
Ако болката не е поврзана со настинка или грип, а е упорна и јака, таа може да упатува на многу посериозна состојба, како рак на грлото.
Губење килограми
Американското друштво за карцином извести дека необјаснивото губење килограми (десет или повеќе) може да биде прв знак за рак.
Крвавење
Појавата на крвавење во делови од телото кои инаку не крвават или отстапување од нормалното крвавење кај жените може да биде аларм и знак за посета на лекар.
Бенки што го смениле изгледот
Проблемот се јавува кога бенката расте одеднаш, ја менува бојата, крвави и чеша. Следете ги бенките и консултирајте се со лекар ако забележите некоја од овие промени.