X
 18.05.2024 Живот

Тинејџерка од Чикаго, која се запиша на колеџ на 10 години, докторира на 17 години

Кога Дороти Џин Тилман ја бранеше својата дисертација во декември, стана најмладата личност, на 17 години, што успеа да се здобие со докторска диплома за интегрирано бихевиорално здравје во Аризона.

- Ова е прекрасна прослава и се надеваме дека Дороти Џин ќе инспирира повеќе студенти. Но, ова е нешто многу ретко и уникатно - вели вонредниот професор Лесли Менсон.

Кога повеќето ученици се обидуваат да се адаптираат во средно училиште, Дороти веќе беше запишана на колеџот во Лејк Каунти во северен Илиноис, каде што дипломира психологија.

Во 2018 година таа дипломира на отсекот хуманитарни науки на колеџот „Екселсиор“ во Њујорк. Две години подоцна, магистрира на колеџот „Јунити“ во Мејн пред да биде примена на Програмата за бихевиорално управување.

Поголемиот дел од нејзиното образование го реализира на далечина, преку онлајн настава.

Како што вели таа, најголема заслуга за целото нејзино образование има нејзината баба, како и нејзината мајка, на која ѝ е благодарна за помошта и насочувањето. Секако, целиот образовен процес не бил без жртва.

- Немав секојдневна училишна работа, немав училишно фотографирање или работи кои создаваат единство меѓу врсниците - вели таа.

 

Извор: Huffpost.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот