Филмот „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски вечерва го затвора 22. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“. Овој филм минатиот месец беше прогласен за најдобар долгометражен филм на фестивалот „Во палатата“ во Софија, каде што ја имаше и светската премиера.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото.
По повод премиерата, во галеријата над бифето на МКЦ ќе се отвори изложба на фотографии од снимањето на филмот, дело на Маја Аргакијева и Марко Угарковиќ.