Рестораните од синџирот „Зауо“, што значи „седи и рибари“, може да се најдат во Јапонија. Она што е специфично за овие ресторани е што во нив гостите сами треба да ја фатат вечерата.
Посетителите рибарат, а потоа им кажуваат на готвачите како да ја подготват фатената риба, која подоцна ја јадат.
Во ресторанот има голем простор за седење во облик на чамец, но и огромен резервоар полн со вода и риби во средината. Во резервоарот има најмалку десет вида риби.
Ресторанот нуди алат за рибарење, а секој гостин добива и помошник кој го води во целиот процес. Секогаш кога некој ќе фати риба, вработените навиваат, пеат и свират.
Извор:
DDL
Фото: YouTube/Printscreen