X
 18.11.2020 Живот

Првиот „небесен базен“ во светот, изграден на висина од 35 метри, е речиси готов

Импресивниот базен долг 25 метри, што виси на 35 метри од земјата, е изграден помеѓу две згради во Ембаси Гарденс, нова станбена населба во Лондон. Во моментов се завршуваат последните градежни активности со надеж дека ќе биде отворен за јавноста напролет.

Базенот направен во стил на аквариум ќе биде исполнет со 148.000 литри вода. Направен е од акрилик и е долг 25 метри. Оние што ќе имаат можност да го користат ќе уживаат во погледот на центарот на градот, додека висат меѓу две станбени згради од по десет ката. Базенот ќе биде достапен само за оние што ќе купат стан во Ембаси Гарденс, што може да чини до 6 милиони долари.

1

2

- Очекуваниот „небесен базен“ неодамна беше подигнат во Ембаси Гарденс од еден од најголемите мобилни кранови во светот. Кранот има носивост од 750 тони. Акрилната структура помина низ ригорозно хидростатичко тестирање: безбедносни фактори 20 пати пообемни од оние што би се изведувале на типична конструкција за пешаци или мост. Мојата визија за овој базен произлезе од желбата да се надминат границите во можноста за градење и инженерство. Сакав да направам нешто што никогаш не било направено претходно. Транспарентната структура на овој базен е резултат на значително напредување во технологиите во последната деценија. Искуството на базенот ќе биде навистина уникатно; луѓето ќе се чувствуваат како да лебдат во воздухот над центарот на Лондон - изјави Шон Мулријан, извршниот директор на групацијата „Балимор“, која го реализира проектот.

3

4

- Освен базенот, дополнителните станбени удобности што ќе ги нуди Ембаси Гарденс вклучуваат затворен базен, сала за вежбање, простории за работа и простории за состаноци, како и спа-центри - пишува Ембаси Гарденс на својот инстаграм-профил.

5

Извор: Bored Panda
Фотографии: Embassy Gardens
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот