Кликни, играј и освој! ‒ navigator.europehouse.mk
По повод Меѓународниот ден на човековите права, Делегацијата на Европската Унија, мрежата на Јуроп хаус, Обединетите нации и Министерството за образование и наука во соработка со Македонското здружение на млади правници, како и Здружението за изработка на игри „Галактик Омнивор“ ја претставуваат играта „Навигатор“ – вашата шанса да се забавувате, учите и да освојувате подароци!
„Навигатор“ не е само обична игра. Натпреварувачите ги очекуваат девет интерактивни планети – секоја со свои предизвици на теми за човековите права. Секој точен одговор е чекор поблиску до подобро познавање на вашите права.
Со освојување на повеќе од 60 поени, натпреварувачите добиваат можност за осовојување на еден од многуте подароци.
Покрај главниот подарок ваучер за техничка опрема од 60.000 денари, предвидени се и дополнителни изненадувања од Делегацијата на ЕУ и амбасадите на земјите-членки на ЕУ.
Играта ќе биде активна до 24 декември 2024 година, а извлекувањето ќе се одржи на 25 декември во 12:00 часот.
(Комерцијална објава)