X
 04.04.2022 Живот

Третман на еректилна дисфункција (EД)

Еректилна дисфункција претставува трајна неспособност да се постигне и/или одржи ерекција за задоволителна сексуална активност во траење од најмалку 6 месеци во 50% од обидите.

Етиологија на ЕД •Органски причини– последица на соматски болести и состојби (атеросклероза, компликации на дијабетес, намалено ниво на тестостерон, лекови, невролошки пореметувања, постоперативна компликација кај хирургија на мала карлица).•Психогени причини – предизвикана од психолошки проблеми, почесто на млада возраст.•Мешана етиологија – предизвикана од комбинација на органски и психогени фактори.

Ризик-фактори – психолошки стрес, намалена физичка активноста, СДУТ, алкохол, пушење, хиперлипидемија, хипертензија, дијабетес. Над 60% од пациентите со хронични болести имаат проблем со ЕД.

ЕД и стареењето – во бројни студии е докажана тесната поврзаност на зголемување на преваленцата на еректилната дисфунција кај мажите со возраста т.е. стареењето
Разлика во симптоматологијата помеѓу органски и психогено причинета еректилна дисфункција:

Разлики помеѓу органски и психогени причини на EД

Органски:
- Постепено настанување, освен при повреди
- постојана дисфункција
- Отсуство на ноќна/утринска ерекција
- Мажи > 60 години
- Фактори на ризик за EД присутни
- Функција на оргазам и ејакулација зачувани

Психогени: -Нагло настанување без повреда, -Проблеми во односите, -Уредна ноќна/утринска ерекција, -Мажи < 60 години, Без присуство на ризик-фактори, - Можно нарушување на оргазмот или ејакулацијата.


Д-р Влатко Ристов
Дијагностика на ЕД:

1. АНАМНЕЗА – понекогаш непријатен разговор за сексуалните навики, желби, потреби, практицирање, ерекции •кардиоваскуларни болести, дијабетес, маснотии, пушење
•IIEF – 5 (Меѓународен индекс за еректилна функција-5)
2. ФИЗИКАЛЕН ПРЕГЛЕД – секундарни полови карактеристики, уролошки преглед
3. ИСЛЕДУВАЊА – профил на гликемија, липидограм, тестостерон и гонадотропни хормони (LH, FSH), преглед кај кардиолог и ендокринолог

Третман на ЕД:
Да се лекува причината доколку е можно, инаку лекувањето е симптоматско• Да се промени стилот на живот и да се отстранат ризик факторите• Едукација и советување на сексуалните партнери
1. линија – 5-PDE инхибитори (sildenafil , tadalafil, vardenafil)
2. линија – интракавернозни инјекции со вазоактивни состојки
3. линија – пенилни протези

Како дејствува Tadalafil?

Помага мазните мускули во кавернозното тело да се релаксираат што води до зголемен доток на крв во пенисот и постигнување и одржување на ерекција.
Таdalafil индикациja •Лекување на еректилна дисфункција, т.е. неспособност за постигнување и/или одржување на ерекција доволна за задоволителна сексуална активност•Претходна сексуална стимулација е неопходна за почеток на делување на лекот•Не е индициран за употреба кај жени

Што треба да знае пациентот за Tadalafil?

•индикација-лекување на еректилна дисфункција•таблети od 5,10 или 20 mg •препорачаната дневна доза е 10 mg (по потреба се зголемува до максимална доза од 20 mg) еднаш на ден•се зема по потреба, околу 1 час пред половата активност•сексуална стимулација е неопходна
контраиндикации и нуспојави •истовремена примена на средства кои отпуштаат азотен оксид или нитрати во било кој облик•нестабилна ангина пекторис, тешка срцева инсуфициенција, хипотензија (TA помала од 90/50mmHg), неодамнешен мозочен или срцев удар•пречувствителност на силденафил или било која помошна состојка•лица помлади од 18 години, жени
•најчести несакани дејства: главоболка, диспепсија, болки во грбот и мускулите.

Автор: д-р Влатко Ристов, уролог, Општа болница -Велес

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот