Овошјето и зеленчукот повторно победија. Ново истражување покажа дека повеќето вегетаријански и вегански исхрани значително ги намалуваат ризиците од живото-загрозувачки болести како рак и кардиоваскуларни болести, а можат и да спречат рана смрт.
Истражување систематски испитува големи количини на постојни истражувања. За оваа студија, интернационална група научници испитувале истражувања за исхраната базирана на растенија направени во период од повеќе од 20 години. На тој начин, како што вели водечкиот автор Анџело Каподичи, истражувачите успеале да утврдат дека здравата исхрана базирана на растенија нуди значителен заштитен ефект против повеќе типови рак, но и против срцевите заболувања. Студијата, исто така, покажала дека веганството и вегетаријанството ги намалуваат случаите на метаболички болести и дијабетес, што можат да доведат до скратен животен век и помал квалитет на живот.
Истражувањето е само уште една потврда на тоа дека избегнувањето на месните производи и преработената храна и замената со исхрана базирана на растенија генерално е позитивен чекор за долготрајно здравје.
Сепак, има една забелешка - не секоја веганска или вегетаријанска исхрана ќе донесе позитивни резултати. Сепак, да не заборавиме и дека голем дел од преработените храни како чипсови и друго технички се сметаат за вегански. Но, таквите производи не придонесуваат за долготрајното здравје.
Треба да се напомене и дека некои експерти посочуваат дека оние што имаат поздрава исхрана базирана на растенија можеби имаат сеопфатно поздрав начин на живот - редовно вежбаат, доволно спијат итн. - што можеби придонесува за ефектите на сопирање на болестите измерени во последната студија. Сепак, тоа не ја намалува важноста на исхраната.
Во ова истражување не биле земени предвид други начини на исхрана, како медитеранскиот, кој исто така се смета за здрав, а ваквите анализи се сметаат и за општи, па самите истражувачи предупредуваат дека податоците треба внимателно да се толкуваат. Тие велат дека треба да се земат предвид потенцијалните ризици поврзани со недоволното внесување витамини и други елементи поради екстремно ограничените режими.
На крајот, исхраната е лична, а здравите оброци не се достапни за сите, особено за посиромашните, но ако можете, посветете повеќе внимание на тоа што јадете.
Извор:
Futurism
Фото: Freepik