X
 26.06.2022 Наша тема

За првенецот на Филозофски, Радован Спиридонов, фризерот Звонко Спасовски кој се занимава со древна уметност...Што пишувавме неделава

Радован М. Спиридонов - првенец на Филозофски со просек 10: Пред испит сум имал трема како да ќе играм во финалето на Лигата на шампиони

- Би рекол дека секој ден, без разлика дали е семестар, сесија или пауза, посветував барем три-четири часа во читање и истражување за предметите и областите што ги проучувавме. Така, имав солидна основа за подготовка на еден испит кога ќе му дојдеше времето - вели дипломираниот политиколог Радован М. Спиридонов, кој со просек 10,00 неодамна беше награден од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како еден од најдобрите студенти во учебната 2020/2021.

Комбинацијата на реалноста и апстрактноста резултира со уметност, вели Иван Ајнштајн за неговиот прв албум „Муабети“ 

Иван Ајнштајн, еден од најпознатите јутјубери во земјава, неодамна го издаде својот прв албум насловен „Муабети“. Резултатот на долгогодишната желба на Иван, но и трудот вложен како во музиката, така и во себе, е една приказна од 13 глави која му донела и совладување на стравовите.

Преку ден прави магија со ножички, ноќе оживува лејки – Вештиот фризер Звонко Спасовски се занимава со древна уметност

Фризерот Звонко Спасовски од Кавадарци преку ден прави магија со ножичките, а навечер ѝ се препушта на имагинацијата и влегува во светот на лејките изработувајќи украсни ламби со преубави орнаменти кои зрачат топлина.

Дури 90% од Македонците не веруваат дека наскоро ќе влеземе во ЕУ, но 75% би се иселиле ако се случи тоа, покажа анкетата на Факултети.мк 

Вкупно 1.580 испитаници одговорија на нашата анонимна анкета, која даде многу интересни резултати. Имено, иако Македонците се скептици во однос на влезот на земјава во ЕУ, голем процент од нив би се иселиле доколку се случи тоа, најмногу поради економски причини и барање подобри услови за живот. Исто така, најмногу би си заминале сосе фамилијата и со однапред најдена работа.


По скалилата на успехот со д-р Маја Мојсова-Мијовска: „Oдберете професија со љубов“ Д-р Мојсова-Мијовска е национален координатор за трансплантација, претседател на 

Здружението на лекари по анестезија, реанимација и интензивно лекување, а јавноста одблиску ја запозна како главен анестезиолог во тимот што ја спроведе првата трансплантација на срце и тоа во услови на ковид-19. Операцијата влезе во историјата на македонското здравство и ја подигна свеста за важноста на донирањето органи.


Д-р Моника Стојанова: Охридскиот див костен има анимикробно дејство посилно од некои антибиотици, а се истражува и неговото антиканцерогено дејство

Дивите костени не се само украс на охридските улици. Тие се повеќе од декор зашто кријат големи лековити својства. Тим од универзитетските професори од Македонија, Србија и Турција спроведе научно истражување и дојде до фасцинантни резултати. Охридскиот див костен има антиоксидативен потенцијал и посилно in vitro антимикробно дејство дури и од некои антибиотици. Во тек се и истражувања за антиканцерогеното дејство на ова растение.

Иван Чорбев, Ивица Милевски и Нина Геометриева со препораки до матурантите за полесно наоѓање на патот до идната професија

Во пресрет на уписите за факултет, Ивица Милевски, универзитетски професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет, Иван Чорбев, професор и декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, и Нина Геометриева, дизајнерка во „Инстаграм“, споделија топли препораки и сет идеи кои би им помогнале на матурантите при донесувањето на идните одлуки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема