Блескавиот метеорски дожд Лирид почнува оваа недела. Настанот се случува помеѓу 16 и 25 април секоја година, кога Земјата поминува низ опашката на комета.
Фото: NASA
Иако метеорските дождови се тешки за прецизно предвидување, најверојатно најдобра глетка ќе имате во раните утрински часови на 22 април (за земјите на северната хемисфера). Тогаш метеорскиот дожд треба да биде највидлив, со околу 10 до 20 метеори на час.
Излезете надвор во недела навечер за најубав поглед. Месечината ќе се појави пред појавата на метеорите, со што ќе овозможи совршен поглед. За да имате најдобро доживување, одете на место каде што нема градска светлина.
Метеорскиот дожд е видлив со голо око, а со телескоп и двоглед може да ја пропуштите појавата.
Овој метеорски дожд е остаток од кометата Тачер, именувана од А.Е.Тачер, астроном кој ја идентификувал кометата кога последен пат се приближила до Земјата во 1861 година. Кометата, на која ѝ се потребни 451 година да орбитира околу Сонцето, не се очекува до 2276 година.
Лирид е еден од најстарите познати
метеорски дождови.